Реклама

(ВИДЕО) Со натпреварот Силекс – Борец, Батали.нет започна со проектот „Отворено фудбалско студио“

Otvoreno studio

Со денешниот натпревар Силекс – Борец, Батали.нет го почна новиот проект наречен „Отворено фудбалско студио“. Емисијата ќе се емитува на порталот со стрим во живо, секогаш кога Борец ќе игра натпревар, а во неа ќе гостуваат многу фудбалски работници, тренери, поранешни и сегашни играчи, со кои ќе се анализира тековниот натпревар на велешкиот прволигаш.

Zito akcija 640x289px

Љубителите на фудбалот ќе можат да го проследат натпреварот на Батали.нет, преку видео преносот кој го реализира ФФМ ТВ, а со кои нашиот портал склучи договор.

Agria
Image may contain: 1 person, sitting, table, sky, outdoor and nature

Во денешното прво издание, натпреварот Силекс – Борец го анализиравме со легендата на велешкиот и македонскиот првак Илчо Боров, кој во својата кариера настапуваше и за Борец и за Силекс. Во продолжение, погледнете ја стручната анализа на натпреварот и најинтересните моменти од дуелот Силекс – Борец кој заврши со победа на велешани од 1:2.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12711/video-borecz-e-vo-strashna-serija-ovoj-pat-sileks-vo-kratovo-e-paczientot/