Фудбалерите на Саса го направија најголемото изненадување на денешните средби од Купот на Македонија.
Второлигашот успеа да го елиминира составот на Борец кој по петте коло во ПМФЛ остави одличен впечаток и е при самиот врв на табелата. Велешани двапати водеа, домаќините успеваа да израмнат, па со оглед на тоа што резултатот во регуларниот дел заврши 2-2 се пријде кон изведување на пенали во кои фудбалерите на Саса беа подобри со 3-1.
Пенал серијата пак беше среќна за прволигашите Македонија Ѓорче Петров и Работнички, „лавовите“ го скршија отпорот на Победа дури по изведување на удари од 11 метри (5-4), додека пак „романтичарите“ го добија Велазерими со 4-3 (пенали).
Куп на Македонија:
Гостивар – Тиквеш 5-0, Македонија ЃП – Победа 0-0 (5-4 пенали), Охрид – Ренова 0-4, Пелистер – Љуботен 4-0, Росоман – Беласица 1-5, Саса Каменица – Борец 2-2 (3-1, на пенали), Силекс – Тетекс 3-0, Слога Виница – Шкупи 1-2, Велешта – Кожув 1-2, Велазерими – Работнички 0-0 (3-4 на пенали)
Преземено од derbi.mk
Можеби ќе ве интересира: