Реклама

ОБНОВЕНО: Еден полицаец се бори за живот, уапсени се четворица напаѓачи во инцидентот кај велешко Степанци

Еден 48-годишен полицаец кој вечерва беше повреден, откако дрвокрадци нападнаа полициска патрола кај селото Степанци во општина Чашка е тешко повреден и на скопските клиники се бори за живот. Батали.нет дознава дека тешко повредениот е командир во полициската станица Чашка.

Zito akcija 640x289px

Вториот потешко повреден е 51-годишен полицаец, кој има повреда на стомак и е задржан на интензивна нега на хирушкото одделение во велешката болница.

Agria

Останатите тројца полицајци имаат полесни повреди, соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешката болница.

Велешката полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека четворица од напаѓачите се уапсени.

“Околу 20.00 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, атар на с.Степанци, група на граќани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот”, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

Екипа на Батали.нет вечерва беше на местото на настанот. Се работи за тешко пристапен терен, до кој се стигнува само со теренско возило. Кога околу 23 часот стигнавме во атарот на село Степанци, не забележавме ниту трага од инцидентот, ниту полициски возила и службеници.

Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12965/vonredna-vest-dvajcza-policzajczi-od-svr-veles-vecherva-poteshko-povredeni-gi-napadnale-drvokradczi/