Реклама

(ВИДЕО) Повредениот полицаец од Велес не е во животна опасност

Во стабилна состојба и надвор од животна опасност е тешко повредениот полицаец од Велес, кој синоќа заработи фрактура на черепот, откако беше нападнат од дрвокрадци, кај селото Степанци, во Општина Чашка.

Zito akcija 640x289px

По извршената операција, тој е свесен и контактибилен, велат лекарите од Клиниката за неврохирургија, каде полицаецот е хоспитализиран.

Agria

„Пациентот примен во текот на вчерашниот ден, се наоѓа на Клиниката за неврохирургија, на прием беше лесно поспан. Има повреда на скалпна рана на поглавнината, фрактура на базата на черепот и во челниот дел, како и фрактура на лицевите коски, една подлабока мозочна контузија и фрактура на десна подлактица. По спроведениот конзервативен третман е свесен, контактибилен и во стабилна состојба и во тек ќе бидат направени дополнителни дијагностички испитувања“ изјави др. Владимир Рендевски, директор на Клиниката за неврохирургија.

Петмина полицајци се повредени вчера во инцидентот кој се случи на еден километар пред селото Степанци, на стариот пат Извор – Прилеп. Полицајцицте биле во контрола на диви дрвосечачи, на кои им заплениле две возила. Во еден момент, поголема група од 40-тина дрвокрадци, со палки ги нападнале полицајците, по што најтешко помина 48-годишниот командир на полициската станица Чашка.

Потешко повреден е и 51-годишен полицаец, кој има повредна на стомак и е задржан во велешката болница. Останатите тројца полицајци се со полесни повреди. Полицијата синоќа приведе четворица од напаѓачите, кои преку планината Мукос, од Прилеп доаѓаат во атарот на село Степанци, каде што сечат дрва на диво.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12969/obnoveno-eden-policzaecz-se-bori-za-zhivot-uapseni-se-chetvoricza-napagachi-vo-inczidentot-kaj-veleshko-stepanczi/