Реклама

Судот определи 30 дена притвор за дрвокрадците коишто нападнаа полицајци

Степанци

Судот во Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и определи 30 дневен притвор за десет дрвокрадци на возраст од 21 до 57 години, сите од Прилеп, потврдија Обвинителството во Прилеп.

Zito akcija 640x289px

Според надлежните истражни органи по синоќешната претстражана постапка полицијата веќе трага уште по шест од 25 дрвокрадци кои учествувале во нападот на шумските полицајци, a деновиве и тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Agria

Инаку за потсетување, инцидентот се случи во чертвртокот вечерта околу 19 часот и 45 минути, при што 48-годишен полицаец беше тешко повреден, и се уште се наоѓа на скопските клиники. Тешко повредениот полицаец е командир во полициската станица Чашка. Вториот повреден е 51-годишен полицаец, кој има повреда на стомак, се наоѓа на интензивна нега на хирушкото одделение во велешката болница, а останатите тројца полицајци имаат полесни повреди.

Екипа на Батали.нет беше на местото на настанот. Се работи за тешко пристапен терен, до кој се стигнува само со теренско возило. Кога околу 23 часот стигнавме во атарот на село Степанци, не забележавме ниту трага од инцидентот, ниту полициски возила и службеници.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13088/video-filmot-stela-e-prvata-eko-produkczija-vo-zemjava-za-snimaneto-e-koristena-struja-namesto-agregati/