Џон Оби Микел го раскина договорот со Трабзонспор. Клубот и играчот од средниот ред меѓусебно се согласија да ја прекинат соработката. 32-годишниот поранешен играч од средниот ред на Челси потпиша двегодишен договор плус опција за дополнителна година во Трабзонспор минатото лето.
Причината за раскинување на договорот беше критиката кон, Турската фудбалска федерација на Инстаграм. Оби Микел ја критикуваше Турската супер лига за продолжување на сезоната среде пандемијата на коронавирус. „Има повеќе во животот отколку фудбалот. Сезоната треба да се откаже бидејќи светот се соочува со такви бурни времиња“. рече Оби во својот пост на Инстаграм
Турција е една од ретките земји каде продолжува сезоната 2019/20. Натпреварите во моментов се играат зад затворени врати, а не се планира да се прекине сезоната.