Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата

Sara Mejs
Sara Mejs

На 20 октомври оваа година по повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот.

Zito akcija 640x289px

Главната цел на овој настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста, која е потсетник за мирот и единственото на сите држави. Целта на овогодинешните изведувачи и композитори пак, е да си ги претстават своите земји преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин да го запознаат светот со својот фолклор.

Agria

Претставник од Македонија ќе биде нашата харфистка, композитор и пеачка, Сара Мејс под покровителство на Okxsa projects Скопје. 

„Многу сум среќна што ќе настапувам на „Светскиот ден на харфата“ и ќе ја претставувам Македонија. Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“. Им благодарам многу на Okxsa Projects што ме избраа мене да ја претставувам мојата Македонија и што ме поддржаа во мојата работа“, напиша Сара Мејс на својот Инстаграм профил.

Инаку од самиот настап на Сара Мејс, ќе излезе и спот за песната, кој се изработи за време на снимањето на песната во студио.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: