Кавадарци добива велосипедско – пешачка патека

На крајот од изградбата е велосипедско – пешачката патека од село Ваташа до Моклиште, која со доизградбата на кејот на реката Луда Мара ќе го поврзува и Кавадарци со месноста Моклиште.

Zito akcija 640x289px

Патеката е повеќенаменска, ќе биде со обележан простор за велосипедисти и пешаци. По должината на патеката на неколку локации ќе се постават паметни клупи за одмор и за користење на бесплатен интернет и можност за полнење на мобилни телефони.

Agria

Ќе се постават три станици за брз сервис на велосипеди и во еден дел од патеката ќе се постави и фитнес зона. Поставувањето на модерното и економично осветлување е во поодмината фаза, со што патеката ќе биде целосно осветлена.

Велосипедско – пешачката патека е долга 4,5 километри и ќе биде безбедно место за рекреација и спортување на кавадарчани.

Image may contain: outdoor

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: