Двајца лажни гатачи успеале да измамат 64-годишна жена од велешко село и да и одземат пари и злато. Измамниците вчера дошле во домот на жената и и ветиле дека ќе и ја претскажат судбината, само ако им даде две илјади денари. Измамата во полиција ја пријавил нејзиниот син.
„На 15.10 2020 во СВР Велес, 42 – годишен маж од Велес пријавил дека две лица ја измамиле неговата 64-годишна мајка во велешко село. Според пријавеното, лицата дошле во домот на неговата мајка и ѝ понудиле да ѝ гатаат на злато за сума од 2000 денари. Исто така, според пријавеното, таа им дала неколку златни предмети, по што лицата побегнале„, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.