Повторно солидна бројка на заразени велешани во изминатите 24 часа

politikata zad vakcinata protiv kovid19
politikata zad vakcinata protiv kovid19

Продолжува трендот на заразени од коронавирусот во Велес. За еден ден во најновиот извештај на Министерството за здравтсво се регистрирани шест велешани . Во земјава во последните 24 часа се регистрирани 428 случаи на Ковид-19. Новите случаи се регистрирани откако се направени 1853 тестирања.

Zito akcija 640x289px

Денеска речиси половина новозаразени доаѓаат од Скопје, каде што се регистрирани 200 пациенти, потоа Куманово 16- Дебар 2-Штип 9-Прилеп 29-Тетово 30-Струга 2-Велес 6-Битола 14-Охрид 4-Кавадарци 17-Гостивар 5-Гевгелија 15-Струмица 11-Крива Паланка 1-Радовиш 6-Кочани 12-Пробиштип 1-Македонски Брод 2-Пехчево 1 -Берово 5 -Валандово 2-Виница 3-Делчево 4-Кратово 2-Свети Николе 3-Кичево 11-Ресен 10-Неготино 5.

Agria

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од:

Скопје 57- Куманово 11- Штип 6- Прилеп 8- Тетово 8- Струга 2- Велес 2- Битола 2- Охрид 2- Гостивар 2- Струмица 7- Крива Паланка 1- Радовиш 6- Кочани 8- Валандово 1- Кичево 5 пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555 лица.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: