Реклама

(ВИДЕО) Неефикасноста на Борец ги чини велешани два бода

Неефикасноста на напаѓачите го чини Борец два бода. И покрај огромната надмоќност која велешани ја имаа во текот на целиот натпревар против „фенерџијата“ Беласица, во Струмица, тие не ја оправдаа улогата на фаворит и мораа да се задоволат само со бод, одигрувајќи 2:2.

Zito akcija 640x289px

Првата закана на мечот ја испрати Прелчец од слободен удар, но биеше над голот. Велешани доминираа и ја контролираа играта на средината од теренот. Шансите се редеа пред голот на струмичкиот голман Силјановски, па Пеев го искористи слободниот простор за да испрати пласирана топка. Ниту тој не успеа да се запише во листата на стрелци, но тимот од Велес продолжи да наметнува свое темпо.

Agria

Ретко се играше пред гостинскиот гол, но по една брза контра во финишот на првото полувреме пристигна изненадувачкото водство за домаќинот. Каланоски доби топка и требаше да реализира од изгледна позиција, но не го направи тоа, а во продолжение на нападот беше фаулиран. Судијата Младеновски најпрво му покажа жолт картон поради симулација. Сепак, по сугестија на неговиот асистент, Младеновски ја смени одлуката и покажа на белата точка. Фудбалерите на Борец реагираа бурно на оваа одлука, по која Каланоски од пенал и донесе водство на својата екипа.

Второто полувреме не донесе различна слика на теренот. Велешани прават силен притисок во потрага по израмнување. Тоа се случи во 59 минута, кога Ристовски доби топка на левата страна, влезе во шеснаесетникот и силно шутираше во поблиската страна на голот, совладувајќи го Силјановски за 1:1.

Само десет минути подоцна капитенот Прелчец со глава круниса една одлична акција на велешани. Асистент беше Ристовски центрираше прецизно на главата на својот соиграч, кој биеше силно и не му даде шанса на Силјановски. Радоста на гостите траеше само неколку минути, бидејќи Беласица одново се врати во игра. Одбраната на Борец буквално „заспа“, па тоа го искористи Сулев за вторпат да ја затресе мрежата на противникот.

Борец притискаше за три бода, се редеа шанси, пред се на Радовиќ, кој три пати се сплеткуваше на само неколку метри од голот на струмичани, а во една ситуација ја промаши топката на празен гол на домашните. Вистинска драма пред голот на Силјановски се случуваше во последните секунди од мечот, но бравурозните одбрани, неснаодливоста на напаѓачите на Борец и пречката спречи победа на велешани.

И покрај бодот, останатите резултати од ова 10 коло повторно им одат во прилог на велешани, па така Борец остана на четвртото место на табелата, сега со 16 бодови. Единствената разлика е што екипите од врвот, Шкупи, Шкендија и Македонија Ѓ.П. ја зголемија бодовната разлика пред Борец. За Беласица одва е само втор бод во 10 кола досега, со што остана закована на дното на табелата.

ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО

Беласица – Борец 2-2 (1-0)
Каланоски 45 п., Сулев 72 – Ристовски 59, Прелчец 68

Шкендија – Работнички 1-1 (1-0)
Ибраими 16 – Станковски 51

Македонија ЃП – Академија Пандев 3-1 (1-1)
Воша 2, Мишевски 50, Калид 64 – Маслаќ 45

Пелистер – Струга Трим Лум 1-1 (0-0)
Хот 90+1 – Лена 77

Вардар – Ренова 3-3 (3-2)
Мирчевски 6, Попзлатанов 13, Петковски 40 – Селмани 28, Велија 42, Јашароски 90

ВЧЕРА
Шкупи – Силекс 1-0 (0-0)

Исени 53

ТАБЕЛА: Шкендија 22, Шкупи 22, Македонија ЃП 19, Борец 16, Струга Трим Лум 15, Силекс 14, Работнички 12, Пелистер 12, Вардар 12, Ренова 8, А. Пандев 7, Беласица 2.

Во следното коло во недела, Борец во Велес го пречекува Пелистер.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14599/intervju-na-pepi-manaskov-za-24rakomet-rakometarot-na-vekot-vo-makedonija-ostaven-na-marginite/