Повторно големи бројки на заразени велешани во едно деноноќие , вкупно починаа 24 лица

infektivno veles
infektivno veles

79 велешани се заразени од Ковид-19 во последните 24 часа. Ова е една од поголемите бројки на заразени жители на Велес од почетокот на пандемијата.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени нови 913 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се во: Скопје 459- Куманово 25- Дебар 1- Штип 18- Прилеп 78- Тетово 44- Струга 11- Велес 79- Битола 33- Охрид 37- Кавадарци 24- Гостивар 9- Гевгелија 3- Струмица 26- Крива Паланка 3- Радовиш 3- Крушево 3- Кочани 8- Пробиштип 2- Демир Хисар 3- Пехчево 1- Берово 1- Валандово 2- Виница 4- Делчево 10- Кратово 5- Свети Николе 9- Кичево 5- Ресен 2- и Неготино 5 ново заразени.

Agria

Институтот за јавно регистрира 421 пациент, а починаа 24 лица од: Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).

Тројца пациенти со ковид-19 починаа во велешката болница во последното деноноќие. Утринaва почина жена на 82-годишна возраст од Градско, која на инфективното одделение во велешката болница е донесена пред дри дена во тешка состојба и со ниска сатурација. Таа претходно се лекувала од висок кривен притисок.

Утрово на инфективното одделени почина и маж на 86 години од Стари Град, примен истиот ден како и починатата жена. Тој имал ниска сатурација, но и други претходни болести.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: