Реклама

Играниот филм „Дедо и Внук“ со нови три награди

Dedo i vnuk 1

Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови.

Zito akcija 640x289px

Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење, потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival.

Agria
Dedo i vnuk 2

Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално започна светската промоција на првиот долгометражен филм на
режисерот и сценарист Пиперкоски. По втор пат, наградата за најдобар Директор на фотографија Кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за
кинематографија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил
кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

Голем удел во филмот имаат и двајца велешани, Данчо Стефков кој ја потпишува монтажата и Оливер Тевчев, кој ја напиша музиката.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15728/vo-czrna-gora-10-000-luge-se-zarazeni-so-kovid-19/