Четворица велешани починаа како последица на компликации од ковид-19 во велешката болница. Сите биле позитивни на тестовите за коронавирус и биле хоспитализирани. Со новите смртни случаи, бројот на починати велешани од почетокот на пандемијата до сега изнесува 50.
Општинскиот кризен штаб утрово одржа состанок, на кој состојбата со коронавирусот во Велес ја оцени како крајно критична.
Во болницата се хоспитализирани 76 пациенти, од кои 32 се на кислородна поддршка.
Можеби ќе ве интересира: