Преку видео обраќање здравствените работници до јавноста бараат поддршка од граѓаните. Тие ги молат граѓаните да ги почитуваат мерките за да може да им се помогне и нив бидејќи изминативе девет месеци се во првите борбени редови.
„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка“, порачуваат докторите.
Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето како и честото миење на рацете се клучните мерки во справувањето со ковид-19 кризата. Докторите со апел до граѓаните, да бидат одговорни и да се грижат за сопственото здравје и здравјето за најблиските.
Можеби ќе ве интересира: