За настаните од 27. април 2017 година, денеска во кривичниот суд треба да продолжи судењето за организаторите на крвавиот четврток.
На минатото рочиште одржано на 16 ноември, за упадот и насилствата во Собранието беа повикани да сведочат поранешни и актуелни пратеници.
Во овој предмет обвинети се, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, потоа екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Можеби ќе ве интересира: