66-годишната Д.А. од Велес вчера се пожалила во полиција дека нејзиниот син физички ја нападнал. Според нејзината пријава, нападот се случил вчераутро во нејзиниот дом, соопшти полицијата.
„На 22.11.2020 Д.А.(66) од Велес пријавила дека околу 09.30 часот, во својот дом, била физички нападната од нејзиниот син“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во денешниот полициски билтен е регистриран уште еден инцидент кој се случил вчера во Градско, кога 27-годишен жител на населбата пријавил дека бил нападнат во казино во Градско.
„На 22.11.2020 год. во 17.35 часот во Полициската станица Велес Д.И.(27) од Градско пријавил дека околу 17.15 часот во казино во Градско бил физички нападнат од Г.В.(31) од с.Виничани, Градско„, информира Додевски.
По целосно документирање на двата случаи, полицијата ќе поднесена соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: