Активисти на Општинскиот Црвен крст Велес во изминатите десеттина дена поделија 736 комплети сликовници за деца од социјално ранливи семејства од Општина Велес, Градско и Чашка.
Сликовниците се наменети за деца од три до седум години, а се опечатени на македонски, албански, ромски, турски и бошњачки јазик.
– Комплетите се донација од Светската банка, а во сите градови во земјава се поделија во соработка со Министерството за труд и социјална работа и Министерството за образование и наука, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.
Појасни дека во зависност за каква заедница станува збор на таков јазик се делеле и сликовниците.
Освен по домовите, комплети сликовници биле поделени и во училиштата, месните заедници и здруженија.
Можеби ќе ве интересира: