Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање на своите живеалишт ќе важи од 19 до 5 часот наутро.
Мерките ќе се применуваат од денес до 8 декември објави Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ).
НКТ ги повика граѓаните целосно да ги почитуваат сите мерки бидејќи тоа е единствениот начин да се сузбие ширењето на коронавирусот.ж
Црна Гора прва во регионот се избори со првиот бран на Ковид-19, и беше прогласена за дестинација без корона, по што потоа вирусот повторно се појави и Црна Гора лошо котираше со бројот на заразени.
Можеби ќе ве интересира: