Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случи околу пладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Според информациите на секторот за внатрешни работи во Тетово, несреќата се случила околу 11:30 часот во близина на одделението за патен сообраќај на ОВР Гостивар, кога камион-миксер удрил во пешак.
Од повредите здобиени по ударот 31 годишниот А.М починал на лице место.
За време на увидот што го вршеше екипа на ОВР Гостивар, сообраќајот на магистралата од патарина до здуњска раскрсница се одвиваше со регулирање. По увидот треба да станат појасни причините за несреќата и пешакот се нашол на коловозот.
Можеби ќе ве интересира: