Реклама

Повеќе заразени од оздравени велешани во последните 24 часа информира министерството за здравство

CJZ Veles

Нови 883 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 39 се во Велес, каде што има и 26 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велeс има и двајца починати пациенти како последица од ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови изгледа вака:

Agria

Скопје 345-Куманово 37-Дебар 10-Штип 32-Прилеп 54-Тетово 32-Струга 21-Велес 39-Битола 36-Охрид 34-Кавадарци 29-Гостивар 19-Гевгелија 32-Струмица 44-Крива Паланка 7-Радовиш 12-Крушево 1-Кочани 25-Пробиштип 2-Демир Хисар 1-Македонски Брод 1-Пехчево 4-Валандово 8-Виница 5-Делчево 1-Кратово 3-Свети Николе 12-Кичево 16-Ресен 4-Неготино 17.

Во болнички услови починати се 29 лица, 12 пациенти од: Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти од:

Скопје 153-Куманово 23-Штип 17-Прилеп 30-Тетово 43-Струга 26-Велес 26-Битола 40-Охрид 18-Кавадарци 21-Гостивар 41-Гевгелија 15-Струмица 13-Крива Паланка 5-Радовиш 6-Крушево 1-Кочани 3-Пробиштип 3-Валандово 5-Виница 1-Делчево 3-Кратово 3-Свети Николе 13-Кичево 9-Ресен 8-Неготино 10.

Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на ковид -19, a вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени пациенти е 52949, на починати е 2254, а бројот на активни случаи изнесува 21931.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16687/koczevski-sostojbata-so-koronvirusot-vo-gradot-se-stabilizira/