Како да воспитаме љубезни и приврзани синови

Majka i sin

Важно е да ги поткрепиме во нивната способност да се грижат за другите луѓе и активно и доследно да придонесуваат за нивното семејство. Треба да го научите вашиот син да препознае дека на некој друг му е потребна грижа.

Zito akcija 640x289px
majka i sin

Пред неколку години, кога дознав дека сум бремена, прво бев радосна, но потоа почнав да паничам. – Ќе имаш полни раце работа – имаа навика да кажат пријателите, па дури и непознати луѓе откако ќе им го кажев полот на бебето.

Agria

Еден член од семејството ми рече дека момчињата не одржуваат контакт со своите родители кога ќе пораснат. Бев заглавена во стереотипи, се прашував дали мојот сопруг и јас можеме да воспитаме љубезно и чувствително момче кое ќе остане поврзано со нас кога ќе порасне. Очигледно полот нема врска со способноста на детето да порасне во грижлив, чувствителен возрасен човек, но, сепак, стереотипите се моќна работа, а нив ги има многу во нашето општество.

Се разбира, родителите не можат секогаш да ги контролираат тие пошироки сили, но експертите велат дека постојат едноставни чекори што можеме да ги преземеме за да воспитаме чувствителни, грижливи и емоционално интелигентни момчиња. Еве неколку од нив.

Не верувајте во идејата дека момчињата се неволја

Мајкл Томпсон, психолог и автор на “Raising Cain: Protecting The Emotional Life of Boys” („Воспитување на Каин: Заштита на емотивниот живот на момчињата“), вели дека една едноставна, моќна работа што можат да ја направат родителите е да се спротивстават на негативните очекувања и претпоставки.

Тој вели дека постои генерација на родители која во основа верува дека момчињата се неволја.

Tие прават проблеми, влегуваат во неволја и потешко се справуваат со неа“.

На пример, тие забележуваат дека момчињата со децении заостануваат зад девојчињата во училиште и го гледаат тоа како неизбежно, вели тој.

„Луѓето веруваат дека момчињата не сакаат да пишуваат домашни задачи. Сметаат дека се здружуваат со други момчиња и прават глупави работи и дека нема да бидат блиски со нивните семејства“, објаснува Томпсон.

Поставете слика од човекот на кој му се восхитувате

Една едноставна, прифатлива акција е да поставите фотографија од човекот на кој му се восхитувате во собата на вашиот син, без оглед на тоа дали е тоа вашиот татко, сопруг, чичко, наставник или друга јавна личност на која ѝ се восхитувате. Тоа во голема мера е симболично, но симболот може да биде значаен – особено во оние тешки моменти на родителство кога сте загрижени дека вашиот син попушта под половите норми.

„Такашто ако тој само игра видео-игри или кога неговата соба е во неред … погледнете ја сликата на овој човек што го сакате и на кој му се восхитувате и помислете ‘Мојот син може да порасне и да биде таков’!“, вели Томпсон.

„Очекувањата на возрасните имаат силно влијание врз она што децата мислат дека можат да бидат“, додава Томпсон.

Научете го дека чувствата се за чувствување

Иако ограничувањето на половите норми може да се менува, сепак, постојат многу докази дека општеството и родителите очекуваат девојчињата да бидат емотивно експресивни и емотивно пописмени од момчињата. На пример, едно неодамнешно истражување покажа дека мајките и понатаму имаат стереотип дека момчињата не плачат. Родителите можат да се спротивстават на овој стереотип создавајќи безбеден простор кадешто момчињата ќе можат да ги изразат емоциите.

„Гушнете го вашиот син. Слушнете го додека плаче. Понудете му утеха наместо да му кажете: ‘Оправи се. Добро си’.“

Децата со здрава, безбедна приврзаност кон своите родители се во најдобра позиција да се борат против силите во светот што вршат притисок врз нив да попуштат пред нормите на врсниците.

Нека вежбаат грижа за другите

Без разлика дали е намерно или не, истражувањата покажуваат дека многу родители и понатаму имаат поголеми очекувања за девојчињата кога станува збор за помош низ домот отколку за момчињата.

Момчињата поминуваат околу 15 минути помалку на ден во помагање околу домашните работи отколку девојчињата. Момчињата со сестри имаат помала веројатност да помагаат во домашните работи кога се возрасни, делумно затоа што пораснале навикнати некој друг да се грижи за нив.

За да се спротивставиме на ова, важно е да ги поткрепиме во нивната способност да се грижат за другите луѓе и активно и доследно да придонесуваат за нивното семејство.

„Треба да го научите вашиот син да препознае дека на некој друг му е потребна грижа“, вели Томпсон.

Постојат многу начини како да го направите ова, без оглед дали е охрабрување да му помогне на братчето или сестричката, бабата или дедото или можеби грижа за друго дете. Хранењето и шетањето домашно милениче е добра практика, како што е и едноставната грижа за некое растение. Клучот е во тоа да бидете доследни, вели Томпсон и додава дека вашето дете знае дека очекувате да се грижи за другите, а не само за себе.

„Можете да го научите детето да го препознава својот капацитет за грижа“, вели Томпсон.

Извор: majkaidete

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: