Македонската ракометна репрезентација по пристигнувањето во Каиро ја доби и првата добра вест. На ракометарите и стручниот табот им беа земени брзи тестови и сите се негативни, а по пристигнувањето во хотелот каде што ќе бидат сместени нашите репрезентативци следува и ПЦР тестирање.
Репрезентацијата на чело со Данило Брестовац денес во 10.00 часот ќе одржи полесен тренинг во Каиро, по што во 20.30 часот ќе излезат на мегдан со репрезентацијата на Шведска, во обид да го изненадат големиот ривал.
Можеби ќе ве интересира: