
Пејпер мил останува на одлуката за привремен прекин на производството. Во интервју за МИА, генералниот директор Јулијан Даскалов вели дека статусот на 120-те работници останува ист. На вработените ќе им се исплаќаат плата и придонеси се додека не се донесе поинаква одлука.
Од Фабриката за хартија велат дека се одлучиле на ваков чекор поради тоа што Државниот инспекторат за животна средина им издаде решение поради загадување на воздухот да не го користат котелот на пелети туку производниот процес да го реализираат само со метан, што според нив е неисплатливо.
„Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како компресиран гас да го увезуваме чија цена за 5 години порасна речиси двојно. Не јасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ“, вели Дасксалов во интервјуто за државната агенција МИА.
Од државниот инспекторат за животна средина засега нема коментар на тврдењата на Пејпер мил. Но претходно изјавија дека одлуката се носи откако и последното контролно мерење на гасовите од фабричкиот оџак на Пејпер мил пред Нова година покажаа надминување на граничните вредности на прашина и јаглероден моноксид.
Забраната да се користи котелот на пелети важи се додека не биде поставен нов филтер и загадувањето не се намали под граничните вредности. По првите вонредни инспекциски надзори во ноември лани инспекторитре констатираа дека дотогашнуте мерења на загадувањата на воздухот ги правела лабараторија што не била акредитирана за таа постапка.
Можеби ќе ве интересира:
