На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.
Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, а максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Утре ќе преовладува облачно време со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Локални врнежи од повремен слаб снег ќе има и в среда. Следните два дена ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Можеби ќе ве интересира: