Велешкото Радио 5 ФМ слави 20 години постоење (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Велешкото Радио 5 ФМ денеска слави јубилеј, 20 години од постоењето. Во овие две децении, Радио 5 ФМ се наметна како сериозен медиум, музички лидер во етерот, но и радио преку кое велешани се информираат за најновите локални настани.

Zito akcija 640x289px

Низ радиото во овие 20 години продефилираа бројни новинарски и водителски имиња, кои оставија траен белег во развојот на медиумот. Радио 5 ФМ беше организатор на две изданија на ФМ Талент, музичко радиско шоу, кое исфрли неколку музички имиња на македонската естрада, како што се Валери, Мими Јовановска, Стефани Алчева, Александар Темелков, Тони Андреев и други.

Agria

Во моментов радиото е актуелно со видео поткастите на DJ Masterhip, кој секој викенд има свое музичко шоу, следено од бројни фанови.

No description available.

На 20.02.2001 година Радио 5 ФМ ја доби лиценцата за работа и оттогаш официјално почна да зрачи во етерот на 107,1 MHz на ФМ скалата. Тоа е формирано откако се споија две радија во едно, тогашното 5 ФМ и Радио Мерак, па првите неколку години радиото се викаше Радио Мерак 5 ФМ, по што, поради стилот на музика кој одбра да го емитува, се ребрендираше во Радио 5 ФМ.

Редакцијата на Батали.нет на своите колеги од Радио 5 ФМ им посакува уште многу јубилеи постоење и многу успешни содржини во етерот. Среќен роденден Радио 5 ФМ!

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: