Дел од велешките здравствени работници денеска ја примија првата доза од вакцината против ковид-19. Од велешката болница информираат дека вакцинацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а за имунизација се пријавени вкупно 84 здравствени работници вработени во болницата. Останатите вработени ќе се вакцинираат утре.
Од велешката болница информираат дека денеска таму се лекуваат 34 пациенти поради ковид-10, од кои 24 имаат потврдени позитивни тестови, шест се сомнителни и четоврица пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На инфективното одделение има 31 пациент, а на интерното одделени тројца.
Во последните 24 часа има нови три случаи со коронавирус во Велес, со што од почетокот на пандемијата во овој град се регистрирани 3355 случаи. Од нив, 3019 се излечија, а 109 починаа. Активни се се уште 227 случаи.
Можеби ќе ве интересира: