Каменоломот на Техно Павер планира да отвори цементарница во Превалец

Varnica Prevalec
Varnica Prevalec

Од Управата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес е доставено Барање на мислење за управување на обем по известување на намера за изведување на проект – „Изградба на цементарница во кругот на каменоломот Техно Павер“ за потребите на инвеститорот Техно Павер ДООЕЛ Скопје. До општината, согласно Законот за животна средина, Управата за животна средина се обраќа за консултации, информации и мислење.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Општина Велес најави дека поради ова барање, тој во наредните неколку дена ќе ги искористи за утврдување на ставот на општината, во врска со ова чуствиѕелно прашање за жителите на населбата Превалец и населбата Тунел во новиот дел од градот.

Agria

Граѓаните од овие населени места подолго време реагираат за загадениот воздух предизвикан од работата на Варницата во Превалец.

Со своја реакција се јави Општинската организација на ДОМ Велес по повод намерата за изградба на Цементарница во каменоломот во Превалец, Велес во која се вели:

“Неприфатливо е да се размислува за позитивно мислење од страна на локалните и националните институции за изградба и ставање во функција на цементарница среде населено место.

Станува збор за цементарница, не за цвеќарница, или фарма за органска храна, или парк на ветерници или фотоволтаици.

Станува збор за цементарница во круг на индустриски капацитет кој на многупати беше посочен како загадувач на воздухот посебно со облаци од прашина од вар на целата населба Превалец и високиот дел од Велес во Урбаната Заедница Тунел и Урбаната Заедница Мирка Гинева – Превалец. Сеуште на интернет постојат видеа од облаците прашина предизвикани од оваа инсталација.”

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: