Познатата млада манекенка и моделка од модното студио „Моделс Ин“, Татјана Јанушева, пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
– Пред се кожата и нејзината нега е многу важна за мојата работа, па затоа мора секогаш да биде чиста и хидрирана. Користам мицеларна вода, лосион и хидрантна крема.
* Со какви препарати го негувате лицето?
-Користам дневни и ноќни маски особено кои ја подобруваат еластичноста на лицето и му даваат свежина и сјај чистејќи го темелно од секакви нечистотии.
* Посетувате ли козметички салони?
– Кога наоѓам време и имам потреба посетувам козметички салон каде добивам третман за лице пропратен со чистење и масажа.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
– Посветувам доста време и внимание на мојата коса. Сакам да имам секогаш сјај и живост на косата, а тоа го постигнувам со производите на Loreal и Revlon.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
– Не би сакала воопшто ништо да прикривам, а повеќе посветувам внимание на очите.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
– Има доста козметички производи кои ги задоволуваат моите потреби, но омилени ми се производите на Maybelline.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
– Секогаш во мојот несесер носам се што ми треба од сјај, маскара, коректор, ситници кои ми се неопходни ако треба на брзина да стигнам на некое снимање каде морам сама да се нашминкам.
* Омилен парфем?
– Секогаш сакам да мирисам прекрасно и свежо а тоа ми го овозможува Versace Cristal Noir кој го користам секогаш и е мојот омилен.
* Како ја одржувате линијата?
– Многу е важно каква исхрана внесувате. За оддржување на мојата линија внесувам повеќе свежа храна и пијам многу вода. Исто така активноста е повеќе од важна па затоа посетувам и теретана кога имам слободно време.
Текст: Д. Караташова Илиоска
Извор: zenskimagazin.mk
Moжеби ќе ве интересира: