
31 годишен кавадарчанец се здобил со телесни повреди во фабрика во Кавадарци, додека извршувал работни задачи. Повредите кај Г.П. (31) биле констатирани во болницата во Кавадарци.
На 04.04.2021 во 20.15 часот во Полициската станица
Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Г.П.(31), кој се повредил при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот, изјавија од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: