Сите они граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување своите домашни миленичиња (кучиња), ќе можат да ги изнесуваат надвор од 22:00 до 23:00 часот, и тоа најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.
Од вечерва рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците.
Од денеска веќе се затворени фитнес центрите, спортските сали а се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, работилници обуки, курсеви, конференции и тн.
Можеби ќе ве интересира: