Кошаркарите на Борец Баскет успеаа да забележат победа против Шкупи со резултат 85:76. Со оваа победа успеаа да го осигураат четвртото место на табелата кое носи пласман во плеј офот разигрувањето за пласман во Првата лига.
Уште од самиот старт на натпреварот домаќините го превзедоа водството во свои раце и ниту во еден момент не им дадоа шанса на гостите да се надеваат на победа.
Најефикасен кај Борец беа Брчков со 24 поени и Карталовиќ со 20 поени, додека кај гостите најефикасен беше Какруки со 20 поени.
Следен предизвик за кошаркарите на Борец Баскет е натпреварот од плеј офот со лидерот на западната конференција, екипата на Чаир 2030 (17-1). Првиот натпревар се игра во гости веќе неделава.
Можеби ќе ве интересира: