Една третина од граѓаните на Велес примиле барем една доза вакцини, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Досега вакцина примиле нешто над 13.500 велешани. Со оваа бројка, Велес се наоѓа на осмото место по процентот на вакцинирани граѓани во земјава.
Во Кавадарци 43,5 отсто од населението е вакцинирано против ковид-19 и е град со најголема стапка на вакцинација. Веднаш зад него е Охрид со 42,9 отсто вакцинирано население. Најмалку вакцинирани има во Кичево 15,8 отсто, како и во Тетово 17,1 и Дебар 17,3 проценти. Во Скопје процентот на вакцинација е 30,8 отсто, а вкупно во државата барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.
Текстот продолжува под рекламите
Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и Гостивар 17,8%;
Текстот продолжува под рекламата
Министерот за здравство Венко Филипче денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат, за ако дојдат во контакт со вирусот да не дојде до хоспитализација и смртни последици.
„Не можеме сите да страдаме, ако некој не се вакцинира. Помалку од 500 илјади граѓани се вакцинирани, а далеку сме од бројката на колективен имунитет, за кој е потребно 80 отсто од населението. Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување, од септември, можеби октомври“, кажа Филипче.
Тој минатата недела најави дека се планира да се воведат рестрикции, како на пример, да се бара сертификат за примена вакцина за влез во кино сали или други јавни места.
Можеби ќе ве интереисра: