Марко Колев е кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која синоќа одлучи да му ја довери довербата да ја трча изборната трка на локалните избори наесен. Оваа вест за Батали.нет ја потврди и Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес.
Изборот на Колев доаѓа откако на внатрепартиските анкети, тој имал највисок рејтинг. Се очекува одлуката на Извршниот комитет деновиве да ја потврди и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Текстот продолжува под рекламите
Марко Колев има 37 години и по професија е дипломиран професор по географија. Долгогодишен член е на ВМРО ДПМНЕ, а беше директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Текстот продолжува под рекламата
Опозициската партија прва во Велес го откри кандидатот за градоначалник. Владеачката СДСМ се уште не донела одлука со кого ќе му се спротивстави на Колев. Досегашниот градоначалник Аце Коцевски изјави дека нема намера да се кандидира повторно. Ова за него беше трет мандат на чело на Велес.
Локаните избори најверојатно ќе се одржат на 17 октомври.