Велешанец осомничен за обид за убиство на роднина заради долг

tepacka 997x485
tepacka1

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес, на возраст од 41 година, за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Во вчерашниот ден информиравме за двајца братучеди од Велес кои расчистувале сметки во семеен двор.

Agria

Осомничениот, на 31 јули, со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот – негов роднина. Тој отишол во дворот од куќата на оштетениот и помеѓу нив настанала вербална расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, поради невратен долг од 3.500 денари. Притоа осомничениот го повикал оштетениот да дојде до неговиот автомобил паркиран на блиската улица. Од автомобилот извадил дрвена рачка за секира и со неа неколку пати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од задобиените удари оштетениот паднал на земја. Му била нанесена тешка телесна повреда изразена во нагмечување на главата, крварење и крвен подлив под тврдата мозочна ципа и мозочна кома. Веднаш потоа осомничениот заминал од местото на настанот.

И од велешката болница го потврдија случајот.

“На 01.08.2021- од страна на ИМП донесено е лице на 33 годишна возраст, во неконтактибилна состојба со повреда на глава, поради сериозноста на повредите истото е препратено на Клиника за Неврохирургија” соопшти др. Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.

Поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и со тоа да ја попречува истражната постапка и опасност дека ќе го повтори или доврши кривичното дело, јавниот обвинител до Основнито суд Велес достави предлог против осомничениот да се определи мерката притвор.

Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати овој предлог и определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: