Вчера во земјава по 20 години започна најголемата статистичка операција , a попишуавчите на стартот на пописот наидоа на отоврени врати.
„После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата“, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Со бојкотирањето на пописот Симоновски рече дека граѓаните прават штета на самите себеси.
„Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните 10 години кој било да е во државата треба да гради политики за развој врз основа на овие податоци“, порача Симовски.
Доколку некое домаќинство побара да биде попишано на мајчиниот јазик, кај него ќе биде испратен таков попишувач. Во принцип, во еден пописен круг треба да бидат опфатени од 100 до 120 домаќинства.
Пописот ќе трае од 5 до 30 септември, а според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по завршувањето на теренските активности. Сепак, тој верува дека ќе успеат да ги завршат обработките многу порано и до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 да ги објават податоците.
Согласно Законот за попис, граѓаните кои се во странство може да се самопопишат на веб страницата на ДЗС до 30 септември. Досега се самопопишаа приближно 191 000 македонски државјани во странство.
Во првите 12 часа од пописот, вчера на 5 септември, попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, соопшти преку својот Фејсбук профил во неделата министерот за правда Бојан Маричиќ.
Можеби ќе ве интересира: