Девет велешки ученици позитивни на ковид-19, две паралелки од Гимназија во изолација

По само три учебни денови во новата школска година, девет ученици од велешките училишта се позитивни на коронавирус, а десетици други се во изолација. Двајца од заразените се во „Гимназијата Кочо Рацин“, па поради нив, невакцинираните ученици од два класа се изолирани. Третиот позитивен средношколец е од средното училиште Коле Неделковски, но таму нема ученици или професори во изолација.

Zito akcija 640x289px

Во две од седумте основни училишта во општината има вкупно шест позитивни ученици, по тројца во „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“. Поради нив, во изолација се испратени осум ученици. Покрај ова, позитивни на ковид-19 се и двајца директори на основно и средно училиште. Иако освен нив, има и еден заразен наставник, но и вработен во стручна служба и технички персонал, градоначалникот Аце Коцевски вели дека наставата во Велес не е загрозена.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Поради два ученика позитивни на Ковид-19 во велешката гимназија „Кочо Рацин“ во изолација се ставени учениците од две паралелки. Од изолација се изоставени учениците кои биле вакцинирани, информира на денеска градоначалникот Аце Коцевски.

Содржината продолжува под рекламата

„Доколку е нужно ќе одат во изолација ученици или одделенија, меѓутоа, во принцип, ставот е дека се додека тоа можно и безбедно, наставата да се одвива во живо“, рече Коцевски.

Во Коле Неделковски“ позитивен на коронавирусот е еден ученик, а поради изведување на градежни работи во училиштето наставата во првите три дена беше на отворено. Позитивна на коронавирусот е и една директорка на средно велешко училиште. Во едно општинско училиште во велешките села инфицирани се директорот и педагогот.

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес во изолација се две деца, од ООУ „Васил Главинов“ позитивен е еден наставник и три ученика, а четири се во изолација. Во ООУ „Блаже Конески“ еден наставник е во изолација, три ученика се позитивни и четири се во изолација. Позитивен на коронавирусот е и психолог во едно основно училиште во велешко село.

Во детските градинки „Димче Мирчев“ позитивно е едно лице од техничкиот персонал. Во ООУ„Панко Брашнаров“ нема, а нема ни во и во ООУ„Лирија“ во Бузалково. Во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ нема.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: