Гарантирам нула проценти невработеност кај младите велешани, најмалку една странска инвестиција во градот, но и нови инфараструктурни и сообраќајни решенија, град без отпад, со поставување пластикомати, развој на велешкото село, на туризмот, поддршка на младите и спортот, рече вечерва пред велашни кандидатот за граодначалник на Велес од СДСМ Ненад Коциќ. Тој најави враќање на фестивалот на велешката пита пастрмајлија и поддршка на навивачката група Гемиџии. Коциќ ги повика сите граѓани, вклучувајќи ги и незадоволните членови на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за него.
„Ја подготвивме најдобрата програма за нашиот град, програма која гарантира развој, нови инвестиции, нови работни места, како за младите, така и за невработените, програма која гарантира нов импулс во развојот на нашиот Велес“, рече Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес од СДСМ.
Содржината продолжува под рекламата
Тој им вети на велешани непосредна комуникација, ефикасна општинска администрација и одговор на сите барања на граѓаните за 24 часа. Коциќ најави почист град, со поажурно собирање смет и негово рециклирање, но и развој на велешкото село, на туризмот, поддршка на младите и спортот, на старите лица и на ранливите категории граѓани.
Содржината продолжува под рекламата
На промоцијата во Велес, беше претставена и листата за челнови на Советот на општината, предводена од Марјанчо Николов. Во своето обраќање, тој рече дека приоритет во следниот мандат ќе биде граѓаните да ги задржат дома. Николов на велешани им вети поубав град и им порача да запаметат како Велес изгледа сега, за да направат разлика како ќе изгледа по четири години.
„Џабе ни е да изградиме и најубави патишта и најубави тротоари, најубави училишта и градинки, ако немаме луѓе. Кој ќе вози по улиците, кој ќе шета по тротоарите, кој ќе учи во училиштата? И затоа, ова е многу важно, сакам да го потенцирам, ние сакаме да го ставиме граѓанинот, единката во центарот на нашата политика, без разлика на нивната партиска, политичка или етничка припадност. Ние сакаме да се бориме за секој велешанец“, рече Николов.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека Македонија во една рака има успешен попис, а во друга членство во НАТО и нагласи дека државата е на вистински пат, од кој нема враќање. Тој најави дека во моментов се разговара со, како што рече, 30 џиновски странски компании, да инвестираат во земјава. Ги повика велешани да му го дадат гласот на лекарот Ненад Коциќ, докажан борец и за здравјето на граѓаните, но и за екологијата.
“На овие избори излегуваме со решенија за проблемите на локално ниво, кои ќе бидат целосно исполнети и вие знаете дека тоа ќе се случи, бидејќи СДСМ и коалицијата докажаа дека работат на конкретни решенија, кои што се од животно значење за граѓаните“, рече во своето обраќање пред велешани лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Погледнете ја целата промоција на кандидатите за градоначалник и членови на Советот на Општина Велес на СДСМ и коалицијата.
Можеби ќе ве интересира: