Заев: Слушајте ме внимателно добро сум информиран, СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг

zaev
zaev

Нашиот политички противник ќе победи во шест општини, ќе добие шест градоначалници, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе. Резултатот ќе биде 22:6 во првиот изборен круг. Слушајте ме внимателно, добро сум информиран, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Автокоманда.

Zito akcija 640x289px

Заев истакна дека времето на ВМРО-ДПМНЕ заврши со лавовите, биковите и шмизлите. Ова сега, рече, е време на современи, модерни, европски општини, на развиена, европска држава.

Agria

-Градиме држава, општини, го слушаме гласот на граѓаните. Не е нормално да поставуваш лавови, бикови и шмизли, а да продаваш конзервативни вредности и наводна чесност зад која се кријат криминални апетити. Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите. Ова се времиња на ведри луѓе, дрвја и паркови, безбедни булевари и улици, детски насмевки во современи градинки, мотивирани ученици во современи школи, ова се времиња на автентична урбана култура и на европски општини, подвлече Заев.

Осврнувајќи се на Гази Баба, Заев рече дека оваа општина е влезот на Скопје, првиот впечаток на патниците и туристите, а Автокоманда е една од најблиските до центарот на главниот град.

-Борче ги почна промените, сработи добро и секој ден носи се подобро за општината и граѓаните. Ги засука ракавите кога требаше во Стајковци, носеше кофи, изнесуваше смет, кал зашто за нас довербата на граѓаните е чест, истакна лидерот на СДСМ.

Тој ги наброи реализираните проекти, но потсети и што направи актуелната власт во изминатите три години. Повтори дека наследија задолжени општини и дека помогнаа во нивното раздолжување.

-Од каде пари? Нема непродуктивни трошења и криминали, затоа е нормално да остануваат пари во Буџетот со кои градиме училишта, градинки, водоводи, канализации, птишта, булевари,…над 7.000 проекти на локално ниво. Ова ВМРО-ДПМНЕ ни на сон не може да го каже, а не па да го направи, рече Заев и најави нова зграда во ОУ „Крсте Петков Мисирков“, нови градинки, рекоснтрукција на Домот на културата во Ченто и Колнонија, решавање на проблемот со Вардариште,…

Заев уште еднаш ги повика граѓаните на 17 октомври масовно да излезат на гласање и да го поддржат, како што нагласи, најдоброто.

Пред него се обратија градоначалниците на Скопје и на Гази Баба, Петре Шилегов и Борис Георгиевски.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: