Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 25 пациенти што е за три пациенти помалку од вчера. 16 имаат позитивни тестови, тројца пациент се сомнителни на вирусот, а шест пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 14 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 20 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат пет пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализирани е еден нов пациент а испишани се и тројца пациенти со по еден негативен ПЦР тест. Извршен е и трансфер на еден пациент на Инфективна клиника во Скопје.
Можеби ќе ве интересира: