Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 20 до 25 Целзиусови степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат в недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.
Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.
Можеби ќе ве интересира: