Белата куќа: Анџела Прајс Агелер номинирана да биде нов амбасадор на Америка во земјава

Angela ageler ambasador Makedonija

Анџела Прајс Агелер, дипломатка од кариера, е номинирана од американскиот претседател Џо Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје, Северна Македонија, соопшти Белата куќа.

Zito akcija 640x289px

Досега таа беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт Департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.

Agria

Нејзиниот мандат беше во времето на амбасадорите Филип Рикер и Пол Волерс, период кога Македонија бележеше константен пад на медиумските слободи и демократските процеси. Таа презеде низа активности против негативните процеси поттикнати од затворањето на телевизијата А1 и промената на сопствеништвото на МПМ од германско во македонско, како и несигурноста во новинарската средина поттикната од сообраќајната несреќа во која загина основачот на „Фокус“, Никола Младенов. Како американски дипломат во Скопје Агелер беше гласна во одбрана на слободата на медиумите, како и заштита на граѓанските права и слободи што тогаш беа задушувани од власта на Никола Груевски. Беше еден од иницијаторите за првата ЛГБТ Парада на гордоста во Македонија. 

Дипломирала на Универзитетот во Јута, а покрај англиски, зборува француски, македонски и хинди.

Прајс Агелер, по потврдувањето на нејзината номинација во Сенатот, ќе дојде на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година.

Извор на веста: SDK

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29984/veleshani-fizichki-se-presmetuvale/