Дете загина откако возилото излетало од коловоз на автопатот Скопје – Велес

Soobrakajka

Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Zito akcija 640x289px

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29984/veleshani-fizichki-se-presmetuvale/