Ковачевски од Брисел го отфрли францускиот предлог

kovacevski
kovacevski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Брисел изјави дека изразил незадоволство од динамината со која одвиваат процесите за пристап и преговори.

Zito akcija 640x289px

„С. Македонија е кандидат скоро 18 години. договорот за стабилизација и асоцијација го потпишавме пред 21 година. Ќе бидам директен уште веднаш. Ова што се случува е сериозен удар за кредибилитетот на ЕУ. С. Македонија и Албанија не смеат да дозволат да тапкаат во место поради една земја членка која не успева да се координира и да обезбеди деблокирање на европскиот пат. Не смееме д дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем. Во преговорите со Бугарија влеговме искрено и решението да биде поставено на европски вредности. Бугарија реши да се врати во минаотот и повторно да постави блокада, која оди во прилог само на трети страни кои ќе ги пополнат празнините кои ќе се отворат со вакви непромислени чекори“, појасни Ковачевски.

Agria

Што се однесува до францускиот предлог, тој упати благодарност до претседателот Макрон, за неговиот ангажман и напор да се дојде до решение.

„Во динамичниот процес на работа со француското претседателство, ги соопштивме нашите црвени линии и предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи:

-чиста формулација за макеоднскиот јазик во преговарачката рамка и заштита на идентитетот

-историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка

-преговорите межу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето за вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот

-секое решение да е консултирано со институциите на С. Македонија“, истакна премиерот.

Ковачевски појасни дека предлогот во ваква форма не е прифатлив за него, претседателот Пендаровски, за владата, коалициските партнери и граѓаните на Македонија.

Извор: lokalno

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: