Во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи вчера наутро околу 08.15 часот на регионалниот пат с.Извор, велешко, кај местото викано „Врановски aнови“, загина 37-годишниот маж од велешкото село Бузалково, кој поради крварење на мозокот итно беше пренесен на клиникте во Скопје. Несреќата се случила помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, велешко.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите. По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес“, се вели во соопштението од МВР.
Moжеби ќе ве интересира: