Полицијата заплени голема количина на злато и пари

zaplena-evra-zlato
zaplena-evra-zlato

Цариниците од граничниот премин Табановце вчера во автобус на влез во земјава открија и привремено запленија 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.

Zito akcija 640x289px

Автобусот бил со македонски регистарски ознаки на редовна линија од Пореч, Хрватска, до Гостивар. При прегледот со мобилен скенер воочени биле неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока е предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Agria

Дополнително, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок, соопшти Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: