Македонскиот репрезентативец во слалом кајак на диви води,велешанецот Ангел Петрушев го освои четвртото место на Европското првенство за јуниори во дисциплината К-1. Во финалната трка за помалку од една секунда му избега првата медала во кајак на диви води за Македонија.
Петрушев беше прв по полуфиналето со најдобро време, и две третини од финалето веслаше одлично, со најдобро време на минување на патеката, сепак му фалеа само 90 стотинки до медал.
Содржината продолжува под рекламата
Овој успех може да се издвои како еден од најдобрите успеси во Јуниорска категорија во Македонија.
Можеби ќе ве интересира: