На редовна седница на Советот на Вардарски Плански регион, беше именуван Сашо Мошев за нов директор на Центарот за развој на Вардарски Планскиот регион. На седницата присуствуваа сите 9 градоначалници од Вардарскиот плански регион
Сашо Мошев е досегашниот раководител на секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци и ќе има мандат од четири години.
Содржината продолжува под рекламата
Претседателот на Советот за Развој на Вардарски плански регион во свое име и во име на сите градоначалници и се заблагодари на сега веќе поранешната в.д. директорка Татјана Темелковска за досегашното успешно раководење со Центарот, а воедно му посака успешна и плодна работа на ново избраниот директор кој што беше избран едногласно.
Можеби ќе ве интересира: