Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, е зголемен.
На граничниот премин „Табановце“ се чека околу 30 до 40 минути за влез во државата, а на преминот „Богородица“ околу 40 минути за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.
Содржината продолжува под рекламата
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: