Порталот Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, трета година по ред, Ви ја претставува листата „100 Најголеми“ компании по добивка во Македонија за 2021-та година. На листа се најдоа и две велешки фирми.
Податоците покажуват дека 100-те најголеми компании по приход, минатата година оствариле вкупен приход од 10,3 милијарди евра. Во 2020 година пак, истите овие компании имале вкупен приход бил 8,16 милијарди евра, што значи дека минатата година имале подобар резултат за 2,14 милијарди евра, или раст за околу 25%.
Содржината продолжува под рекламата
На 55 место на листата се најде ЖИТО ДООЕЛ, која пријавила раст на приходите од 2 % за разлика од минатата година или вкупно приходи од 58,414,494 евра. За разлика од 2020 година компанијата бележи пад на листата за осум места.
Втора велешка фирма која се најде на листата е „БРАКО ДОО“ Велес. Таа се најде на 90 место со остварен приход од 34,713,155 евра, или за 45 % поголем од ланската година. Во 2020 година компанијата била рангирана на 120 место.
Целиот текст пожете да го прочитате на следниот линк.
Можеби ќе ве интересира: